Пита со крем од диња
Едноставен, а интересен спој на вкус. Треба да пробате.
1. Од сите состојки се замесува тесто, со тоа што путерот треба да ни биде на собна температура. Се распоредува тестото, најдобро е во тавчето да ставите хартија за печење за полесно да ја извадите питата кога ќе се испече. Тестото го боцкаме со вилушка и го оставаме во фрижидер најмалку 15 минути, ама може и подолго.
2. Дињата ја блендираме и заедно со шеќерите ја ставаме на оган, на тивко да врие 10 минути. Ја додаваме кората и сокот од лимон како и зачините. Во 80 мл вода го раствораме густинот и го додаваме јајцето, ги матиме и ги додаваме во дињата, за да се направи пудингот. Мешаме додека да згусне. На крајот додаваме рум или водка и мешаме додека да испари малку алкохолот.
3. Филот малку изладен го ставаме во кората од питата и ја ставаме да се пече на температура од 200 степени, 20 минути. Од тестото направив и цветови кои ги распоредив врз кремот.
Украсуваме со бадем листови.
Кога ќе ја подготвите пожелно е да ја оставите подолго време време да стои во фрижидер, добро да се излади, па потоа да ја сечете. Јас ја сечев веднаш откако ја подготвив, малку изладена. Утредента парчињата перфектно се сечеа.
Лиценца: Сите права се задржани