Пита со коприви и маслинки
Се става квасецот во една чаша млака вода со шеќер и една лажица брашно и се остава малку да стаса.
Брашното се става во подлабок сад, се додава сол и се додава квасецот со водата. По потреба се додава уште млака вода да се добие средно меко тестоТ
естото се остава да стои 15 тина минути.
Копривите се мијат, се обаруваат, настрана сецканиот праз се пропржува на малку масло му се додаваат исцедените обарени коприви. Се посолува, се додава една лажица буковка пипер и сецканите маслинки.
Тестото се дели на 2 дела, а од секој дел се прават по 4 топчиња.
Се расукува секое топче се намрсува со масло и се редат едно врз друго.
Првата кора се расукува поголема од плехот (како за зелник), се става во намрсен плех над него се става филот и другата кора се расукува и се става врз филот. Првата кора се витка по страните како зелник се пропрскува одозгора со масло, се остава 10 тина минути и се печи во загреана рерна на 250степени.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ubavo podgotveno:)