Пита со зелка, колбаси и печурки
Оваа пита е слична по постапка како Питата со зелка и мелено месо, многу ми се допадна лесниот начин на подготовка и поради тоа го смислив и овој рецепт за брза и лесна и многу вкусна пита.
Се сецка зелката и се става во сад со масло за да се пропржи. Таа постапка трае околу 10 минути.
Потоа во неа се додаваат печурките и колбасите исечени на кругчиња.
Се додадава исецкан магдонос и по желба сол и бибер.
Се остава на страна малку да се олади.
За подготовка на пандишпанот се става млекото во длабок сад за да се стопли малку, во него се додаваат јајцата, зејтинот, солта шеќерот и се меша со жица за матење. Одкако ќе се соединат состојките се додава просеано брашното и прашокот за пециво. Вака подготвениот пандишпан се остава малку да нарасне околу 10тина минути.
Во тава за печење бр. 26 се става половина од пандишпанот врз него се става целиот фил и врз него се става останатата половина на смесата за пандишпан.
Се пече на 180 степени околу 40-45 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови