5
авг
2019
Пилешки гради со колбаси во сос од печурки
Крем супа во јадење ретко користам, ама дојде еден гурман, другар на синот и тој на сличен начин подготви макарони со крем супа од печурки. Бидејќи сите го бендисавме јадењето, јас решив да го употребам неговиов начин за подготовка на месо.
Подготовка
1. Пилешкиот стек го сечкаме на мали парчиња залчиња.
2.Го ставаме да се упржи па го зачинуваме. Ги додаваме пржените колбаси кои сме ги исекле на кругчиња
3.Супата во прав ја раствораме во 600 мл вода.
4. Ја додаваме кон прженото месо. Мешаме додека да се згусне сосот. На крајот кога е сеуште топло, рендаме кашкавал.
Сервираме..