Крем супа во јадење ретко користам, ама дојде еден гурман, другар на синот и тој на сличен начин подготви макарони со крем супа од печурки. Бидејќи сите го бендисавме јадењето, јас решив да го употребам неговиов начин за подготовка на месо.

Подготовка
1. Пилешкиот стек го сечкаме на мали парчиња залчиња.
2. Го ставаме да се запржи, па го зачинуваме.
3. Ги додаваме пржените колбаси кои сме ги исекле на кругчиња.
4. Супата во прав ја раствораме во 600 мл вода.
5. Ја додаваме кон прженото месо. Мешаме додека да се згусне сосот.
6. На крајот кога е се' уште топло, рендаме кашкавал, посипуваме со лут зачин чили или буковец, а може и откако ќе го сервираме топло во чиниите да се наренда кашкавал.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани