7
дек
2012
Пита пастрмајлија
Се замесува со брашно, топла вода, квасец, сол и малку шеќер. Откако тестото ќе отстои и ќе стаса се формираат топчиња од кои потоа се развлекува пита. Се филува со месо и задолжително се става овча пастрма. Овчата пастрма всушност е солено, сушено овчо месо.
Пет минути пред крајот на печењето врз месото се става јајце, а откако ќе се испече, венецот на питата се мачка со свинска маст, за да биде мек за јадење. Се пече на температура од 200 степени околу 10 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови