Пита пастрмајлија
Состојки
- 1 кг. брашно
- 1 квасец
- 400 гр топла вода
- 600 гр свинска кртина
- 200 гр овчка пастрма ( суво овчко месо)
- 100 гр свинска маст за премачкување
- 1 лажица сол
- 1 лажица шеќер
Подготовка
Се замесува со брашно, топла вода, квасец, сол и малку шеќер. Откако тестото ќе отстои и ќе стаса се формираат топчиња од кои потоа се развлекува пита. Се филува со месо и задолжително се става овча пастрма. Овчата пастрма всушност е солено, сушено овчо месо.
Пет минути пред крајот на печењето врз месото се става јајце, а откако ќе се испече, венецот на питата се мачка со свинска маст, за да биде мек за јадење. Се пече на температура од 200 степени околу 10 минути.