Пита од лимон
Едноставна и вкусна пита. Прво го замесуваме тестото од сите состојки, го замотуваме во најлонска фолија и го оставаме во фрижидер барем половина час.
После половина час расукуваме кора со големина на тавата(бр.26) и го поставуваме врз неподмачканото тавче, така што да ги фати и страните.
За филот го матиме маргаринот со шеќерот и ванилата. Потоа додаваме едно по едно јаце, продолжуваме да матиме. На крај го додавме сокот од 2 лимона и рендана кора од нив. Претходно лимоните треба да се убаво измиени и да одстојат во вода со содабикарбона. Го додаваме и брашното и пак матиме. Со овој фил го полеваме тестото и ја ставаме питата да се пече на 170 степени 30 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови