24
окт
2020
Пита од бајат леб со три видови сирење
Брза, лесна и превкусна пита.
Садот во кој ќе печеме го мачкаме со путер и секое парче леб го мачкаме со путер. Парчињата леб ги редиме во садот така да нема празнини меѓу нив.
Врз парчињата леб рендаме бело сирење, редиме печеница па рендаме биено сирење. Јајцата го посолуваме ептен малку па го додаваме јогуртот. Ја полеваме питата и ставаме да се пече во загреана рерна на 200 околу 15 минути. Ја вадиме питата од рерна и ставаме парчиња моцарела и враќеме да се допече уште околу 7 минути.
Јадеме топло....
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови