Пита гулаш
Месото се сечи на мали коцки, се запржува во малку масло и се тргнува настрана. Во истиот сад се запржува ситно сечкан кромид и пиперката, потоа во тенџерето се враќа месото, се додаваат изренданите или ситно исечканите домати. Се додаваат црвен пипер, црн бибер, оригано и се додава 600-800 мл. вода, се остава да се вари додека месото е сварено. По време на варењето ако има потреба се додава уште вода. Откако месото е сварено се додаваат компирите исечени на мали коцки и се остава 10-15 минути да се вари. Гулашот треба да биде густ.
Во еден сад се раствора пакетчето од фант за гулаш и паприкаш во 400-500 мл. вода и се додава во тенџерето, се остава на оган уште 20-25 минути, ако има потреба се додава сол и вода (гулашот треба да биде густ). За тоа време се подготвува лебот, од лебот се вади ,,капаче,, се издлабува и се става во фурна за 5-7 минути, потоа лебот се полни со густиот гулаш, најгоре се става моцарелата и се става повторно во рерна за неколку минути додека се растопи моцарелата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови