Покрај стандардните пирошки, денес решив да споделам и едни поразлични.
Станува збор за пирошки со кисела зелка.
Започнуваме со подготовката
Во сад со топлата вода го разматуваме квасецот и додаваме брашно, кое претходно го посоливме. Го додаваме и растопениот путер и замесуваме меко тесто, кое го оставаме да одмори околу 30 минути.
Додека тестото одмара го приготвуваме филот.
Ситно исецканото кромитче го пржиме додека не зарумени.
Додаваме мелено месо и него го пржиме и зачинуваме.
На ред е киселата зелка која претходно ја исецкавме на мали парченца.
Откако сето ова ќе се испржи добро, додаваме црвен пипер и ја вадиме тавата од оган. Кршиме едно јајце и промешуваме да се соедини смесата.
Кога тестото се дуплирало, растегнуваме кора и сечеме на квадрати. Во средината на секој квадрат ставаме од филот и преклопуваме како триаголници. Притиснуваме на краевите со вилушка и редиме на хартија за печење. Премачкуваме со останатото јајце.
Печеме на тивко околу 30 минути додека не заруменат.
Забелешка
Од оваа смеса излегуваат 10 парченца. Мене ми беа малку, па следното правење ќе ја дуплирам дозата.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови