Компирите се варат и се рендаат на покрупната страна од рендето.Квасецот се става во млекото да стаса а потоа се замесува тесто со другите состојки и се остава да стасаТестото по структура ќе е помеко затоа при размесувањето ќе ви треба повеќе брашно
филч
Кромидот се сецка и се пржи на зејтин а потоа се додава и месото па се допржува-кавардисува.Месото се зачинува со вегета,бибер и црвен пипер.Филот треба да е посолен за да се добијат повкусни пирошки
Стасаното тесто се развлекува на маса,се сука кора и од неа се сечат квадрати кои се полнат со фил.Пироските се ролаат и убаво се притиснуваат на составот и се оставаат да стасаат.Се пржат на не многу врел зејтин.
Филот може да се замени и со сирење или друго по вкус на домашните јас често знам да ставам и сецкана салама

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела