
23
мар
2013
Пире на ирски начин
1. Се вари компирот, се лупи и се гмечи грубо. Значи да има и поголеми парченца.
2. Млекото се става да зоврие, се додава сувиот мешан зачин и кромидчето со перцата исечено на кругчиња. Се додава путерот и се меша да се истопи.
3. Со врелото млеко се попарува пирето, се меша добро и готово е за сервирање.
4. Може да се додаде црн пипер или друг зачин по желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови