Пире и кромид со ѓумбир и кари (посно)
1. Компирите се варат излупени во сол, лукче во прав и ѓумбир во прав.
2. Откако ќе се сварат, се пасираат и се додава малку масиново масло.
3. Се става малку на рингла колку да биде похомогено пирето.
4. Во меѓувреме во тавче се става исецканиот кромид, морковите, пиперките, биберот и карито.
5. Се додава маслиново масло, вода до до половина тавче и се става да се пече на 250 степени.
6. Одвреме навреме добро е да се промеша кромидот. Кромидот да не биде сув, да има малку сос за да се прелие пирето.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови