Пинерлии
Најпрво растворете го квасецото во водата, ставете малку шеќер и 1 лажица брашно и оставете го да скисни.
Потоа, додајте ги белките, млекото, ставете малку сол и постепено додавајќи брашно измесете убаво меко тесто кое нема да се лепи. Оставете го петнаесетина минути да одмори.
Поделете го на 18 топчиња, секое малку исучете го, намачкајте го одозгора со масло и така направените сите топчиња оставете ги да скиснат.
Секое топче со раце развлечете го во коричка, испрскајте ја со малку масло, наронете сирење, па завиткајте ја про во ролат, па потоа во полжав.
Наредете ги во тавата, одозгора премачкајте ги со жолчките во кои сте додале 1 лажиче масло и наросете ги со сусам.
Вклучете ја рерната на 200 степени и кога ќе се загрее ставете ги пинерлиите да се печат додека убаво не заруменат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови