27
апр
2020
Пинерлии со сирење
Се меси мазно тесто и се дели на 4 дела. Се оставаат да стасаат околу 30-40мин. Од секое се развлекува кора во форма на правоаголник се премачкува со маргарин се рони сирење и се витка во ролат. Така со сите 4 дела.
Се редат во плех и се засекуваат со остар нож големина по желба.
Се премачкуваат со жолчка изматена со малку млеко и сол. Се наросува сусам и се ставаат парчиња путер. Јас ставив путер со зачини ?
Се киснат 30-40мин пред печење и се печат во загреана рерна на 200степени
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови