Подготовка
Сланината ја сечкаме на ситни коцкички и ја пропржуваме па ја тргаме на страна. Во истиот сад ги упржуваме пилешките гради исечкани на ситни коцки и свинската маст. При крајот на пржењето ги зачинуваме. Ја враќаме пржената сланина во садот и на месото му додаваме кисела павлака. Зачинуваме и на тивок оган ја провриваме целата смеса да се соедини околу 5-10 минути.
Уживајте во овој лесен и вкусен ручек!