Салата од пилешко пржено месо со кисела павлака и сенф
Ова е една прекрасна освежителна, вкусна салата која трпи промени, според вашиот вкус.
Може да се додаде сецкана свежа краставица, тостиран сусам, кашкавал....
Еве како јас ја подготвив.
Пилешкото месо го сецкаме на ситни коцки.
Го зачинуваме со мелен бибер, зачин и малку масло.
Го покриваме со фолија и го оставаме во фрижидер на 30 минути.
Во еден сад налеваме вода, ги додаваме исчистените моркови, стапчето сецкан целер и грашакот.
Вариме околу 20 минути, односно се додека не се свари зеленчукот.
Сварениот зеленчук го процедуваме и оставме да се излади.
Пилешкото, сецкано месо го ставаме на оган да се пржи, односно да зарумени.
Го оставаме да се излади.
Во еден сад ги соединуваме грашокот, ситно сецканите моркови,сецканото стапче целер, сенфот, пилешкото месо, зачини по вкус, киселата павлака.
Сето убаво го соединуваме и ставаме во сад.
Декорираме со гранче магдонос.
Пожелно е салатата да одстои пред послужување во фрижидер барем 30 минути.совет-салатата може да се подготви од остатоците на печено пиле,ситно исецкано месо