Пилешко со сланина во сос од кисела павлака
Состојки
- 700 гр пилешки гради
- 260 гр месната сланина (царско месо)
- 1 лажица сув кромид
- 1 лажица мешан сув зачин
- 2 лажици свинска маст
- 300 гр кисела павлака
- Зачини по вкус
- Прстофат мускатно оревче
- Сол бибер, оригано
Подготовка
Подготовка
Сланината ја сечкаме на ситни коцкички и ја пропржуваме па ја тргаме на страна. Во истиот сад ги упржуваме пилешките гради исечкани на ситни коцки и свинската маст. При крајот на пржењето ги зачинуваме. Ја враќаме пржената сланина во садот и на месото му додаваме кисела павлака. Зачинуваме и на тивок оган ја провриваме целата смеса да се соедини околу 5-10 минути.
Уживајте во овој лесен и вкусен ручек!