11
окт
2014
Пилешко со кашкавал и шунка
Земете едно парче пилешки гради расечете го на половина по ширина, за да добиете поголемо парче месо. Добро исчукајте го секое парче месо, тенко така што месото ќе го покриете со фолија за да не го оштетите премногу со чукањето. Повторете ја постапката за секое од четирите парчиња месо.Измешајте го сенфот со вагетата и премачкајте ги сите исчукани парчиња месо. Потоа, секое парче месо наполнете го прво со две парчиња шунка, па со две парчиња кашкавал. Вака подготвени, свиткајте ги и прицврстете ги со чачкалици...Пржете во загреан зејтин а можете и на скара..
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови