Пилешки стек со сенф
Денес ке готвиме ручек од кујната на сестра ми.
Овој рецепт често е на нивната трпеза, па затоа по нивна препорака се најде на мојот дневен ред за готвење.
Кромидот, морковот и компирот ги сечеме на големи коцки.
Ги запржуваме постепено.
Прво кромидот, па морковот, а на крај компирот.
Убаво оставаме да се запржи компирчето за да е повкусно.
Се додава стекот и тој исто така пресечен на јадри парчиња.
Пропржуваме да ја смени бојата, па додаваме печурки.
Оставаме уште некоја минута на оган, а потоа го прелеваме сенфот и зачинуваме. Водата како завршно ја додаваме во тавата.
Оставаме да повари околу 15-20 минути на тивко, а потоа ја префрламе смесата во земјена тава, па повторна ја ставаме на топло, но овој пат во рерна да се запече.
Пред крајот ја вадиме од рерната и ја затвараме со кашкавал.
Враќаме назад да се стопи кашкавалот и за 5 минути го вадиме тавчето со вкусниот ручек.
Сервирајте како сакате и уживајте во прекрасниот вкус.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови