Пилешки ражничи со павлака и мед
Ставете ги павлаката, медот, доматното пире, лукот и кромидот во блендер и блендирајте додека не добиете хомогена смеса. Додадете сол и бибер по вкус. По желба додатете чили сос или чили во прав.
Пилешкото исецкајте го на коцки. Смесата од блендерот со пилешкото ставете ја во подлабок сад и оставете ја во фрижидер околу 3 часа.
Во меѓувреме, доколку користите дрвени стапчиња за ражничи оставете ги да покиснат во вода 30тина мин.
Извадете го месото од фрижидер и спремете ги ражничињата така што ќе оставите малку простор (3-4мм) помеѓу секое парче месо.
Загрејте ја грил тавата или скарата и попрскајте ја со зејтин. Попрскајте ги ражничињата со сол и печете од сите страни.
Доколку не сакате сите ражничиња да се лути, откако ќе ги спремите за печење, попрскајте само неколку со чили во прав.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови