21
сеп
2014
Пилешка чорба со зеленчук
Најпрво ги одваруваме копанчињата во тенџере со вода. Потоа ја истураме таа вода, налеваме друга и тука го додаваме целиот зеленчук, измиен, излупен и исецкан. Ги додаваме и зачините без солта. Вариме додека се свари месото и сите зеленчуци. Потоа го вадиме месото настрана, со лажица решетка ги вадиме ловоровиот лист и каранфилчињата. Па со рачен миксер ја блендираме целата содржина. Доколку е многу густо додаваме вода. Повторно ја враќаме чорбата на рингла да зоврие. Месото го чистиме и го киниме на ситни парченца и го враќаме во тенџерето. Посолуваме по вкус.
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови