Секогаш кога ќе ми остане месо од скара, особено пилешки стек  јас вака го правам. Паметно да се искористи, а немалку пати истото го правам и со остаток од било кое месо, нека е печено, варено, пржено, било како. Но и намерно ќе испечам пилешки стек, па ќе го спремам токму вака.
Сега подготовката
- Од сварениот компир направете пире додавајки го маргаринот, млекото, зачинките.
- Остатокот од пилешкото месо, кашкавалот и киселите краставичлки исечето ги на коцки
- Од пирето ставете во садот во кој ќе го спремате ручекот (кај мене во мали ѓувечиња) да се покрие дното, над него ставете сецканиот кашкавал, врз него повторно неколку лажици пире, израмнета ја површината со лажица, сега ставете го исецканото месо и краставичките, пак малку кашкавал, покријте со пире.
- Со лажицата направете на средината вдлабнатина и во неа ставете јајце. По работ на садот (околу јајцето повторно ставете кашкавал.
- Ставете го садот во предходно загреана рерна и нека се сосема кратко потпече, колку да се испече јајцето и стопи кашкавалот.

Забелешка
- за да ми биде побргу сварен компирот јас го лупам, сецкам на ситно и варам, навистина е побргу - потоа додавам останатите состојки и со маталките од миксерот го миксам компирот- супер е вака да се спрема.
- Доколку правите во поголем сад (не како мене единични порции- кои морам да кажам дека комотно може да се дели на две)
 Ќе мора да направите со лажицата толку вдлабнатини колку што се особи за јадење. Од оваа количина спремив 3 ѓувечиња,  ако ги поделам на два дела тогаш значи е доволно за 6 особи.
- Како што кажав, со различни видови на меса може да се спрема по овој рецепт. Битно дека е остаток од месо, а може и нарочито да се земе и да се спрема.
- Две порции се со пилешки стек, а една е спремана со пушена сланина.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани