22
јан
2016
Пикантен чипс од пашканат
Здрава и вкусна замена за компирот која сигурно ќе ви се допадне.
1. Пашканатот се лупи и се сече на мали и тенки парчиња.
2. Плехот се обложува со хартија за печење и во него се става пашканатот. Се полева со малку маслиново масло и се зачинува.
3. Убаво се меша со раце за сите парчиња пашканат да бидат убаво зачинети, а потоа се распоредуваат во плехот.
4. Се пече 15-20 минути во претходно загреана рерна на 220 степени.
Лиценца: Сите права се задржани