17
апр
2014
Печен омлет со аспарагус и шери домати
Аспарагусот излупете го и исечете го на парчиња. Ставете да се обари 7 минути.
Извадете го и оставете да се олади.
Јајцата изматете ги со павлаката.
Потоа додајте го кашкавалот исечен на мали коцки, сецканиот млад кромид и аспарагусот.
Посолете, наросете црн бибер и убаво измешајте.
Во округол калап ставете хартија за печење и попрскајте маслиново масло.
Истурете ја смесата и одозгора наредете половинки од шери домати.
Печете на 180 степени, 20-25 минути.
Лиценца: Сите права се задржани
ama poodamna nemam dopreno do nego
Od kade go kupuvate ili mozebi odgleduvate
prekrasen recept