Исчистениот крап се сече на парчиња.Ситно исечениот кромид се пржи на масло да пожолти, потоа се додаваат исечените домати ,исечениот магдонос,црн пипер,сол, и црвен пипер.Јадењето се потура со масло и се пече во рерна 30-50 мин. Јадењето може да се прелие со матени јајца и да се остави уште 5 мин в рерна.

Јадењето се служи со лимон.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови