Печен дојрански крап
Состојки
- 1 кг дојрански крап
- 700 г кромид
- 100 г магдонос
- 120г масло, 2 лажици брашно
- 1 лажица црвен пипер
- 2 домати,сол црн пипер
Подготовка
Исчистениот крап се сече на парчиња.Ситно исечениот кромид се пржи на масло да пожолти, потоа се додаваат исечените домати ,исечениот магдонос,црн пипер,сол, и црвен пипер.Јадењето се потура со масло и се пече во рерна 30-50 мин. Јадењето може да се прелие со матени јајца и да се остави уште 5 мин в рерна.
Јадењето се служи со лимон.