
25
окт
2019
Печено пиле со зачини
Прво пилето убаво се мие. Сите зачини ги мешаме и со нив пилето го посолуваме и масираме од сите страни и одвнатре. Се замотува во фолија и се остава во фрижидер барем 5 часа. Потоа се става во плех на пек-хартија. Не се достава ниту вода, ниту зејтин, тоа ќе си пушти и течност и маснотија во тек на печењето. Се пече на 180 степени околу 1 час. Во текот на печењето пилето се врти на секои 15 минути.