Печени пура пити со сирење, урда и спанаќ
Во пакетчето има околу 26 парчиња триаголни кори. Јас со овој рецепт за прв пат ги пробував, па виткав по една. Како изварката не ми беше баш солена си дојдоја таман, но ако се решите да ги правите, имајте предвид дека ако сметате дека филот ќе ви е посолен, да ги свиткате и со по 2 кори.
Со вилушка се дроби урдата и сирењето, па се мешаат со јајцата.
Смесата ја поделив на половина и во едната ставив свеж исечкан спанаќ.
Кај сирењата скоро и да немаше потреба од сол, а во делот со спанаќ додадов малку вегета и пимент.
Секое парче со четче се премачкува со мешавината вода и масло, при што ако е во една чаша обавезно мешаме пред секое премачкување за да не ни лебди маслото над водата.
Се става од филот на пошироката страна и се витка како кифличките.
Се редат во намрсен плех или обложен со пек-хартија и се печат на 200С додека поруменат.
По желба одозгора можи да ги премачкате со мешавината од течноста со која се премачкуваа или со јајце, жолчка и да ги посипите со сусам или семиња по желба.
Лиценца: Сите права се задржани