Комбинацијата на лукче со компир е одлична, па еве еден рецепт прилагоден на постот.
1. Лукчето се ренда на ситната страна од рендете, додавате ситно сецкан свеж магдонос, лажица сенф и зачините и убаво промешувате да се добие компактна смеса.
2. Компирите се лупат и со нож се прават 3-4 засеци (во зависност од големината) малку повеќе од половина компир. Потоа со помош на ножето внимателно (и трпеливо) наполнете ги засеците со смесата од лукчето. (Во зависност за колку луѓе приготвувате ќе си ги прилагодите количините на состојките).
3. Потоа секој компир посебно се завиткува во алуминиумска фолија. Додадов и по 1 лажица вода пред да ги завиткам компирите. Ги ставате во тава со малку вода и ставате во добро загреана рерна да се печат.
Доколку користите масло не е потребно да се виткаат во фолија, туку убаво ги намрсувате ги ставате во пекач (или тава со капак) и ставате во рерна.
4. Времето на печење зависи од рерната и големината на компирите. Доколку водата од тавата испари ќе дотурите уште малку. Пред крај се одвиткуваат од фолиите и се ставаат во тавата за да се запечат и да фатат боја.
Послужете како прилог или со свежа салата.
Добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани