Апаратот за готвење со топол воздух (Air Frayer) е вистинско олеснување во кујната, спас од миризби од прженици и печеници, фраер во вистинска смисла на зборот. Го испробав со живи компири, со замрзнати компир топчиња, а сега и со подготовка на колбаси.
1. Апаратот го вклучив да се загрее на 200 степени, колбасите (овие се крањски), ги засеков од двете страни дијагонално како на сликата, да може и внатрешниот дел да се испече полесно.
2. Штом се загреа апаратот, колбасите директно ги ставив во решетката, се печеа 15 минути во кое време ги проверив и протресов, немаше потреба да ги вртам бидејќи и одоздола беа исто печени како горе. Го исклучив апаратот и ги оставив уште 5 минути.
3. Некој ќе рече ова е само едноставно печење на колбаси, а има толку објаснување, но вреди да се прикаже бидејќи со овој апарат нема прскање на масло, а ни миризба како кога пржиме во тавче, освен тоа подготовката е брза и многу лесна.
* Овој пат апаратот го ставив на тераса со што ја сведов на нула и онаа минимална миризба која се чувствува во кујната.

(512)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани