8
апр
2020
Пеперуга палачинка
Едноставно и брзо десертче.
Се зема една палачинка, се премачкува со чоколаден крем на Винчини.
Се ставаат сечкани лешници оставајќи дел и за одозгора.
Врз неа се става уште една палачинка да се добие сендвич.
Се фаќа во средишниот дел и се насобира во вид на пеперуга.
Одозгора се полева со чоколаден прелив Чокола, се наросува со сечкани лешници, шарени трошки и со цели лешници.
Јас користев Алми крем на Винчини, бидејќи да бидам искрена во оваа ситуација барав, но не можев да најдам крем Чокола.
Користев готови палачинки, а по желба вие направете си ги по вашиот омилен рецепт.
Лиценца: Сите права се задржани