Пеперуга палачинка
Состојки
- за 1 лице
- 2 палачинки
- 1-2 лажици какао крем Винчини
- 50 гр. сечкани лешници
- по потреба чоколаден прелив за десерти Чокола од Винчини
- по потреба цели лешници и шарени мрвици
Подготовка
Едноставно и брзо десертче.
Се зема една палачинка, се премачкува со чоколаден крем на Винчини.
Се ставаат сечкани лешници оставајќи дел и за одозгора.
Врз неа се става уште една палачинка да се добие сендвич.
Се фаќа во средишниот дел и се насобира во вид на пеперуга.
Одозгора се полева со чоколаден прелив Чокола, се наросува со сечкани лешници, шарени трошки и со цели лешници.
Јас користев Алми крем на Винчини, бидејќи да бидам искрена во оваа ситуација барав, но не можев да најдам крем Чокола.
Користев готови палачинки, а по желба вие направете си ги по вашиот омилен рецепт.