Пенести коцки
Во 125 мл. вода ставете го желатинот, измешајте и оставете да набубри 10 мин.
Откако набубрило ставете го во сад на пареа.
Мешајте со лажица додека се стопи, додајте 125 мл. зовриена вода, убаво измешајте.
Растворениот желатин ставете го во длабок широк сад од околу 7 литри.
Во садот додајте го шеќерот. Миксирајте со миксер на најголема брзина, на почетокот прска, но потоа се згустува.
Миксирајте 10-15 мин. додека пената се насобира на маталките.
Или навалете го садот, ако не мрда сместа готово е, а ако почнува да паѓа матете уште.
На крајот додајте какао или екстрат или боја по желба, убаво измиксајте да се соедини.
Смесата ставете ја во претходно обложено плехче (20х30 цм) со хартија или посипано со кокос.
Оставете го во фрижидер 2-3 саати. Кога се изладило сечете коцки и валкајте ги во кокос и ставате ги во кутија.
Чувајте ги на собна температура.
-Овие кокци се пенести и по малку гумени.
-Може да не ставате какао да остане бело.
-И јас мислев да остане бело, но така без арома желатинот чудно ``смрди`` па морав да ставам какао за да се неутрелизира тој мирис.
-Морате да матите во голем длабок сад за да не ви прска.
-Можете да вадите разни форми.
-Смесата малку лепи при ваѓање, но и во матење, па затоа валкајте ги во кокос за да не ви лепи кога ќе ги фаќате во рака.
Можете да ги правите во поголем плех и д ги сечете штангли или пак пола смеса да ја ставите во една боја, па над него во друга боја и да добиете двобојни коцки.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
бетка, идејава ти е петка:)