14
авг
2013
Паштета од грав
Кога ќе сварите вишок грав или како мене ќе успеете малку да ви подгори одоздола додека сте мислеле дека сте го исклучиле шпоретот (а всушност сте го пуштиле до крај) и сте заминале да испазарите =) , еве една добра алтернатива да се искористи гравот на еден поинаков начин...
Едноставно, сварениот грав убаво испасирајте го заедно со маслото и зачините. Додадете ги изрендани кашкавалот и чајната колбасица и промешајте. На крај додадете го и мајонезот и повторно промешајте.
Лиценца: Сите права се задржани
Ко песната на Владо, "секое лошо за добро е" ... гравчето подгорело, ама еве супер рецепт излегол :)))