Паштета од грав
Состојки
- околу 250 гр варен грав
- 50 гр кашкавал
- 50 гр чајна колбасица
- 1 лажица мајонез
- 1 лажица масло
- сол, црн бибер, мешан сув зачин, оригано-по вкус
Подготовка
Кога ќе сварите вишок грав или како мене ќе успеете малку да ви подгори одоздола додека сте мислеле дека сте го исклучиле шпоретот (а всушност сте го пуштиле до крај) и сте заминале да испазарите =) , еве една добра алтернатива да се искористи гравот на еден поинаков начин...
Едноставно, сварениот грав убаво испасирајте го заедно со маслото и зачините. Додадете ги изрендани кашкавалот и чајната колбасица и промешајте. На крај додадете го и мајонезот и повторно промешајте.