
Пастрмка во фолија
1. Лукчето го сечкаме на парчиња.
 2. Го попрскуваме со сол и црн бибер.
 3. Ако ставате свеж магдонос, измијте го и исецкајте го.
 4. Додајте го во лукчето.
 5. Сето ова прелејте го со маслиново масло.
 6. Промешајте.
 7. Пресечете парче фолија од прилика колку што е парчето пастрмка.
 8. Ставете ја добро исчистената и измиена пастрмка на фолијата.
 9. Отворете ја во внатрешноста и ставете две лажици од горе наведената мешавина.
 10. Попрскајте ја во должина од истата смеса.
 11. Завиткајте ја пастрмката убаво во фолијата и редете ја во тавчето.
 12. Печете 20 минути во добро загреана рерна.
 13. Служете ја во фолијата попрскана со лимонов сок.
 На здравје.
 Забелешка
 Рерната ми пече доволно и затоа печев 20 минути. Доколку вашата рерна е послаба, оставете подолго или проверете во фолијата. Кога ќе одвиткате во фолијата, пастрмката изгледа како жива нема добиено никаква боја, но е сочна и превкусна за јадење.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови




















