Паста маринара
Испробан рецепт за превкусна паста од италијанската кујна.
Брзо се прави, како повеќето рецепти со тестенини па ќе имате вкусна вечера или малку помрзлив ручек за брзо време.
1. Тестенините сварете ги стандардно како секогаш.
2. Исцедете ги, ставете им малку масло, буковец, босилекот, ориганото и биберот (може и малце лукче во прав ако баш сте љубител на таа арома). Нека отстојат малку во зачините, некои 15 минути.
3. Кромидот пропржете го добро на загреано масло во поголема тава. Додадете го сувомесното, сецкано или рендано. Пропржете убаво да се соедини се. Додадете ја маринарата и нека проврие малце на потивок оган. Потоа додадете ја киселата павлака и моцарелата. Промешајте да се соедини убаво се, сирењето да се истопи.
4. Тргнете на страна и додадете ги тестенините. Промешајте и ставете малце да се потпечат, пред да ги послужите.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови