Видео рецепт: Шпагети ала Маринара
Ќофтиња, сос од домати и шпагети во чинија – каква италијанска глетка. Се сеќавате ли на онаа сцена од Дама и Скитник кога двете кучиња романтично уживаат во ова јадење позади ресторанот? Одличен филмски момент!
Состојки
- 300 грама мелено телешко месо
- 1 супена лажица оригано
- 1 конзерва сечкани домати
- 1 мала главица црвен кромид
- 2 чешниња лук
- 150 грама шпагети
- Една рака свеж босилек
- Сол и бибер
- Маслиново масло
Вид на оброк: Ручек
Комплексност: Лесно
Лица: 2
Време на подготовка: 30-60 мин.
Подготовка
Чекор 1: Прво ќе ги правиме ќофтињата – едноставно изрендајте го лукот...
Потоа и кромидот.
Чекор 2: Ќе ги измешаме состојките во сад заедно со меленото месо, кромидот и лукот...
Ориганото...
И на крајот солта и биберот.
Чекор 3: Мешајте, мешајте, мешајте... Со раце убаво измешајте ја смесата за да се спојат сите состојки.
Чекор 4: Израмнете ја смесата на даска до дебелина од околу 2 ипол сантиметри.
Потоа поделете ја на 8 дела.
Со раце направете топчиња од смесата... и оставете ги на страна.
Чекор 5: Земете ја големата Делимано тава за пржење и пржете ги ќофтињата во маслиново масло додека да заруменат…
По неколку минути ставете ги сечканите домати од конзерва.
Оставете го сосот да се искрчка и постојано вртете ги ќофтињата.
На крај ставете малку свеж босилек за вкус и боја!
Чекор 6: Време е за сервирање: Сервирајте го јадењето на подлога од шпагети... Ставете врз нив 4 ќофтиња со многу сос и време е за јадење!
СОВЕТ: Овој рецепт ќе биде едно од омилените јадење во секој дом.... Забавно за подготовка и забавно за јадење… Замислете ги измачканите лица на децата додека ги полнат устите со шпагети и ќофтиња.
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Касерола ; Тава за пржење
Јас би ги направила помали ќофтињата :)