Пани попо
Се замесува тесто од првата група состојки кое треба да биди меко, мазно, сјајно и еластично. Се остава покриено да стаса околу 1 час.
Се премесува тестото и се дели на 9 дела, па секој се оформува во топче. Се редат во намастено длабоко тафче да бидат малку разделени. Кога ќе нараснат и ќе се испечат треба да бидат споени едно со друго. Се оставаат да стасаат околу 45 мин.
За тоа време се разматува јајцето за премачкување. Содржината на лименката со кокосово млеко добро се промешува да се соединат згуснатиот со течниот дел. Се помешува во тенџерче кокосовото млеко со шеќерот и се вари со мешање додека да се стопи шеќерот. Се остава на страна.
Рерната се загрева на 180 C
Стасаните топчиња се премачкуваат со јајце и се прелеваат со топлото млеко.
Се печат околуѕ 30 мин. или додека површината не добие убава златна боја. Дното на топчината ќе остани светло, влажно, натопено со кокосовиот прелив.
Најдобри се топли, затоа е количината мала.
Ако сакате, можете да ги полните со Нутела, коцка чоколадо, ванила крем или да ги оставите празни.
Овој рецепт потекнува од Самоа.
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер ; Касерола
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
туку, ако сакаме да ги полниме, кога треба да ги полниме, пред или после печење? со шприц? :)
Anica, jas vo Vero kupuvam
Fala vi na site za cestitkite! Ako ispadni prilika, ke napravam i da probate :))