Подготовка
Изматете ги јајцата и шеќерот со миксер.
Потоа, додадете ги маслото, јогуртот, ванилиниот шеќер, џемот од смокви и мелените ореви. Промешајте со лажица.
На крај, додадете го просеаното брашно со пециво и изматете кратко со миксер.
-Смесата ставете ја во набрашнета тава за печење и печите на 200 степени околу 15 минути.
-Изладениот колач исечете го на коцки и послужете.

Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани