Памук колач со џем од смокви и ореви
Состојки
- 3 јајца
- 150 гр шеќер
- 50 мл масло
- 130 мл јогурт
- 2 ванилин шеќер
- 1 пециво
- 3 полни лажици џем од смокви
- 3 полни лажици мелени ореви
- 200 гр брашно
Подготовка
Подготовка
Изматете ги јајцата и шеќерот со миксер.
Потоа, додадете ги маслото, јогуртот, ванилиниот шеќер, џемот од смокви и мелените ореви. Промешајте со лажица.
На крај, додадете го просеаното брашно со пециво и изматете кратко со миксер.
-Смесата ставете ја во набрашнета тава за печење и печите на 200 степени околу 15 минути.
-Изладениот колач исечете го на коцки и послужете.
Добар апетит