Палачинки со шунка и кашкавал во бешамел сос
1. За подготовка на палачинките се матат јајцата заедно со солта и ориганото. Се додава брашното, млекото, пецивото и зејтинот. Се мати смесата. Од смесата се печат 8 палачинки во тава број 28.
2. За бешамел сосот на оган ставаме 2 лажици зејтин, 2 лажици путер и откако ќе се загреат, се додава брашното, се меша постојано и се полева 500 милилитри млеко. Се меша додека да се згусне сосот и се додава црн пипер и сирењето рендано на ситно. Кратко мешаме и тргаме на страна.
3. Секоја палачинка се премачкува со една лажица од бешамел сосот, врз тоа се ставаат 2 парчиња шунка, одозгора се става рендан кашкавал. Се замотува палачинката со тоа што двете страни се преклопуваат странично за да не испага филот при печењето . Се редат во подмачкако тавче. Врз нив се полева останатиот бешамел сос и малку рендан кашкавал, се поросува со оригано. Палачинките се запекуваат на 200 степени околу 15 минути за да поруменат.
Со ручекот оди и добро бело вино
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови