Миризливи, вкусни, сочни палачинки, мед тече од нив.

Подготовка:
1. За тестото, изматете ги, со рачна маталка, јајцата со пирето од тиква, додајте го млекото, сокот од портокал и маслото. Измешајте убаво, па додајте ги и сувите состојки. Тестото ќе биде густо, погусто од вообичаеното за палачинки.
2. На загреана тава за палачинки (на не многу јака температура), премачкана со малку масло, испечете ги палачинките. Можете да ги оставите празни, но може и да ги премачкате со чоколаден крем, така јас направив.
3. За преливот, во тенџерче ставете ги прво оревите, нека се потпечат малку, па додајте ги другите состојки. Нека врие две-три минути. Секоја палачинка прелијте ја одозгора со топлиот прелив.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови