Превкусни, превкусни падобранци.
Мојата пријателка Лиде мислам ги прави најубави на свет.

Лесни се за подготовка.
Во вангличка се ставаат белките и се матат со миксер. Постепено се додава шеќерот, па лимоновиот сок.
На крај се додаваат оревите.
Убаво се промешува.
Смесата се става во шприц на кој е монтиран соодветен елемент и се редат на хартија за печење
Се сушат на тивко во рерна на околу 100 степени, одприлика околу 30 минути- но пак ќе речам на тивко и се во зависност од рерната. Треба да останат бели.
Нека се изладат, а за тоа време се спрема кремот за спојување.
Се мати путерот со шеќерот, па се додаваат една по една жолчка, се додека убаво не се спои масата се мати со миксер.
Се лепат две по две и се сервираат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани