
31
јан
2015
Падобранци
ПОДГОТОВКА:
Најпрво се прави тестото за падобранки. Се матат белките додека се добие цврст шам. Потоа постепено се додава шеќерот и се мати се додека не се стопи. На крајот се додава сокот од лимон и 200гр. кокос. Смесата е густа и се меша со лопатче. Се зема по едно мало лажиче и се става во плех за печење. Се печи 15 минути на 170 степени. Додека се печат, се приготвува филот.
Фил:
Во длабок сад жолчките се матат со 100гр. шеќер во прав и се меша на пареа додека да се згуснат. Кога ќе се изладат се мешаат со 100гр. шеќер во прав и маргарин во хомогена смеса. Со готовиот фил се лепат по две падобранки. Наздравје!
Лиценца: Сите права се задржани