Подготовка:

1. Белките ги матиме со миксер. Шеќерот го додаваме постепено. Кога шеќерот целосно ќе се растопи го додаваме оцетот и густинот. Мешаме убаво.
2. Го префламе шлагот на плех обложен со хартија за печење. Правиме округла форма со блага вдлабнатина на средина (за филот). Печеме на 100 степени околу 90 минути. Оставаме да се олади во исклучена рерна.
3. Слатаката павлака ја матиме (може по вкус да се додаде и шеќер во прав). Додаваме малку ванила арома. Нутелата ја загреваме 20-30 секунди во микро печка.
4. Ја филуваме оладената торта со слатката павлака. Врз тоа ја истураме нутелата, со помош на кеса за шприц или со лажица. Декорираме со парчиња свежо манго.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани