Многу брз и едноставен рецепт, а и многу вкусен.

Белките се матат со миксер и се додава шеќерот во прав и мелените ореви. Смесата ја месиме со рака. Мал дел од смесата го ставаме во сад и го додаваме какаото промешуваме да се соедини смесата. Со калапи вадиме форми од белата кората на оревот, а од кафеавата јатка орев.
Чоколадата ја топиме. Со чоколадата ги лепиме кората и јатката од оревот.

Лиценца: Сите права се задржани