Орасници од три состојки
Ова е можеби најстар но според мене најдобар рецепт за орасници. Со години ги правам за божиќните празници, имам испробано и други рецепти но вака подготвени орасниците се најубави.
1. Белките се матат во цврс снег и кога се готови постепено се додава шеќерот и не се престанува со матење. Потоа се додаваат мелените ореви и се мешаат во белките.
2. Со влажни раце се зема од смесата топче(колку орев), се обликува во потковица и обилно се валка во толчените ореви.
3. Орасниците се печат во загреана рерна на 150 степени околу 10-12 минути и со исклучена рерна уште две минути. Оставете ги убаво да се оладат.
Од оваа мера мене ми излегуваат од 25 до 30 орасници.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови